Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека нема место за Србија во Европската унија, бидејќи ја спроведува политиката на Кремљ и Путин.

„Нема место за оваа Србија во Европската унија. Тоа е истата таа Србија која прави провокации во Косово. Тоа е истата таа Србија која прави провокации во Босна и Херцеговина. Тоа е истата таа Србија која ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Тоа е истата таа Србија која го поддржа најголемиот руски шпионски центар во Европа, кој се наоѓа во Ниш. Претпоставувам дека го знаете тоа“, рече Џамбаски во говор во Европскиот парламент.

Тој додаде дека Србија „ги потиснува Хрватите и Бугарите“ и „гледа како да ги асимилира и да ги протера“ од Србија.

„Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во Европската унија. Сфатете го тоа“, рече бугарскиот европратеник.