Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска гласачкото право го искористи во родното Форино, Гостиварско од каде испрати порака за поголема излезеност и оцени дека во овој круг граѓаните покажуваат поголема заинтересираност.

– Радува фактот што излезеноста на граѓаните е поголема во споредба со претходниот круг. Процесот на гласање е без проблеми и во мирна атмосфера. Мојот апел до граѓаните е да излезат во поголем број и да го искористат гласачкото право и со тоа да покажат дека тоа е нивна волја. На кандидатите им посакувам успех на крајот од броењето на гласовите. Мислам дека успехот на крајот на денот е се да помине во најдобар ред, изјави Џафери по гласањето на избирачкото место 502 во општина Гостивар.