Откако пратеникот Крмов изјави дека има министри кои што се милионери, а бараат апанажа, се огласи собранискиот претседател Талат Џафери објасни зошто гласал против укинувањето на апанажата.
„Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери? Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи“, рече Џафери.