-Се охрабрувам дека следната 2022 година во ниту еден сегмент нема да биде како годината која изминува, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во новогодишната видео-честитка до граѓаните. Ваквиот став, спикерот го сподели со „доза на оптимизам“ во контекст на тоа дека новата година ќе биде подобра од тековната.

Оваа година, истакна Џафери, била полна со предизвици.

-За жал, не можеме да кажеме дека беше лесна ниту пак успешна. Напротив, беше тешка, полна со предзвици и препреки и најтажно од се, година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата со ковид-19. Нашата земја беше погодена од огромни трагедии во кои загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас, вели Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ.