Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска, по новинарско прашање од ТВ21 околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на седница за пратенички прашања, истакна дека тоа е беспредметно и истото ќе биде вратено.
Како образложение за истото, Џафери посочи дека Владата е во оставка и мандатот на владините претставници е во прекин.
Тој додаде и дека на седницата по секоја цена мора да присуствува премиерот на државата.