Цената на дизелот треба да се намали за 10, а на бензинот за 11,5 денари. Владата усвои пакет економски мерки за справување со последиците од кризата, а меѓу нив е намалување на акцизите и ДДВ-то за горивата.
„Ја намалуваме акцизата на берзанските цени, за 1, 2 односно 4 денари по литар, на безоловниот бензин, на гасното масло, и на екстра леснорто, во случај средната дневна берзанска цена да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1.000 долари, потоа повисока од 1.000 но пониска од 1.200, осдносно повисока од 1.200 долари за тон. Ова се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на светските берзи и заштита на куповната моќ на потрошувачите.
Мерката ќе има директно влијание врз намалување на малопродажната цена на овие енергенти, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го ефектот од намалениот износ на ДДВ за износот на намалена акциза. Би се приомениле акцизи намалени за 2 денари и дизелот од 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари, а бензинот наместо 91,5 денари, би се намалил за 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, изџјави Ковачевски.
Следно, се дава препорака за промена на методологијата за усогласување на цените на дериватите, врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа, барем во периодот додека трае енергетската криза во Европа и така да се избегнат големи ценовни промени од една до друга одлука.
Се пролонгира и давањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, со оглед на големиот пораст на берзанските цени на нафтата, Владата ќе го пролонгира воведувањето на ткн еколошка такса за енергенти, која е во собраниска процедура.
„Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто прти промет на енергенсите на дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас ТНГ и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на крајните потрошувачи, граѓаните и земјоделците кои произведуваат во мал обем, односно не се регистрирани. Со намаленото ДДВ практично се намалуива цената на енергенсите за граѓаните, со што имаме заштита на животниот стандард и се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите“, рече Ковачевски.
Една од мерките е и ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Со оваа мерка се ослободуваат увозниците на природен гас, струја, топлинска и енергија за разладување од плаќање ДДВ при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.
На општините им се препорачува да го реорганизираат јавниот превоз и тој да биде достапен за сите граѓани.