СИТЕ познаваме луѓе кои носат непредвидливи, па дури и опасни одлуки. Тие се зависни од возбуда и сакаат да живеат во моментот, па често прават работи кои можеби не се мудри и разумни за другите, но за нив се идеален начин да ја разбијат досадата од секојдневието. Ова се знаци на кои возбудата им е поважна од сигурноста.
Овен
Импулсивните и нетрпеливите Овни секогаш бараат возбуда. Овој спонтан знак никогаш не размислува пред да направи нешто. Влијанието на Марс ги прави храбри и искрени, но и непромислени. Нивното мото во животот е „прво дејствувај, размисли подоцна“, поради што често запаѓаат во неволја.
Близнаци
Близнаците сакаат да ги забавуваат своите пријатели со нивните шокантни шеги и луди анегдоти. Астролозите ги опишуваат како „социјални пеперутки“ на кои лесно им здосадува, а нивната желба за возбуда може да доведе до избрзани одлуки.
Стрелец
Овој знак е секогаш желен за нови искуства. Стрелците сакаат да го истражуваат светот и авантурата им е поважна од безбедноста. Кога патуваат некаде, нема да ги проверуваат стапките на криминал или можните опасности од местата што ги посетуваат. Обожаваат да ги воодушевуваат луѓето фалејќи се со нивните диви излети. Иако со Стрелците владее среќниот Јупитер, овие луѓе често имаат потреба да ја тестираат својата среќа.
Скорпија
Скорпиите сакаат да се изложуваат на опасни потфати. Кога животот станува предвидлив, тие често преземаат непотребни ризици за да ја ослободат својата дива енергија. Скорпиите се познати по својот интензитет, па во еден миг можат да ги урнат мостовите кои долго време ги граделе. Иако се интелигентни, тие имаат дива страна која ги поттикнува да носат непромислени одлуки.