Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево.

Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил е превземен од МАКФАКС.