Двајца полицајци од затворска полиција не ги испочитувале протоколите на затворот „Скопје“ во Шутка при вчерашното ослободување на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Уште вчеравечер, директорот на затворот, Филип Андов поведе постапка за утврдување одговорност. Беа преземани низа постапки, а неофицијално, прегледувани се дури и снимките од надзорните камери. Андов за „А1он“ вели дека е утврдена одговорност, а која доаѓа откако службеник истурка новинарски екипи и ги попречи во работата во моментот кога Мијалков го напушташе затворот.