Министерството за обрана покренало постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува ТВ21.
„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, велат од министерството.