Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, тврди дека Јордан Камчев во неговата келија ги има сите услови и не е точно неговото тврдење дека врз него се врши тортура.
„Најодговорно ви тврдам дека ова притворено лице има идентичен третман како и сите останати и нема ниту тортура, ниту нечовечки и понижувачки третман при неговиот престој овде. Кога беше донесен во притвор, Камчев беше 10 дена во изолација, како што налагаат протоколите за заштита од ковид-19. Тој има вода за пиење и во ниту еден момент не му е загрозено неговото здравје. Не би сакал да ги коментирам наводите на омбудсманот, ниту пак Извештајот, туку го зборувам она што е во мојот домен на работата и се однесува за третманот тука. Камчев ги има сите права како притворено лице и условите кои му следуваат“, посочи за медиумите директорот Андов.