Во изминатиот период многу се пишуваше за иднината на Лионел Меси, но и за Кристијано Роналдо. Еден од клубовите кои може да си дозволи да ги плати нивните високи побарувања секако е ПСЖ, кој има екстремно богати Арапаи.
Спортскиот директор на клубот Леонардо даде дипломатски одговор на прашањето дали е можно Меси, или пак Роналдо да завршат кај нив.
ПСЖ постојано ја мониторираат ситуацијата со секој фудбалер, тука говориме за фудбалери од висока класа, а сите тие се поврзуваат со нашиот клуб од страна на медиумите, а тоа е добро, вели Леонардо.
Сепак тој вели дека во моментов не се во преговори со ниту еден од двајцата, но медиумите во изминатиот период пишуваа дека ако Меси замине од Барса, тогаш ќе заврши или во ПСЖ или во Манчестер Сити. Од друга страна, пак, Кристијано Роналдо наводно имал желба да заигра во Париз.