„Изминатиов ден лично се сретнав со роднините на пациентите примени во Пирогов“, соопшти директорот на болницата д-р Валентин Димитров, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Деветтиот пациент примен во болницата Пирогов е сестра на еден од интубираните пациенти – 15-годишно девојче со тешки расекотини на подлактицата. Видовме дека детето има проблем, го испративме во тимот на проф. Маја Ѓурова каде е примена со длабоки изгореници и останува на лекување во Пирогов“, изјави и директорот на болницата.

„Изразувам голема благодарност до сите сочувствителни граѓани кои се одзваа на повикот за дарување крв во Пирогов овие два дена. Јас лично можам само да се поклонам и да им се заблагодарам на овие луѓе и имам верба во иднината“, додаде Димитров.