Во рамките на посетите во Турција кои што Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зудхи Енуз, ги реализираше заедно со Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се реализираше и средба со претставници на Одделението за Нула Отпад (Sıfır Atık Dairesi Başkanlığı) меѓу кои и со директорот на ова одделение, Јашар Кахраман, како и со генералниот секретар на градот Коња, Ерџан Услу, објави директорот на Комунална хигиена на социјалнтие мрежи.
Како што вели тој, на оваа средба присутните беа запознаени со методата на работа на овa одделение многуте придобивки кои произлегуваат од рециклирањето на отпадот.
Директорот на Комунална хигиена открива дека се дискутирало и за можноста за во иднина и кај нас да се генерира електрична енергија од отпадот, којашто е многу важна за нашата земја.
-Во оваа насока вложуваме максимални напори за, од оваа размена на искуства со ова одделение, да постигнеме резултати и во нашето претпријатие, Комунална хигиена – Скопје, вели Зудхи Енуз.