Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, кој вечерта кога медиумите открија компјутерска опрема за „копање“ на криптовалути во подрумските простории во ГТЦ изјави дека е запрепастен од она што го гледа, сега вели дека струја не се краде и дека немаат надлежност да проверуваат што има во магацинските простории. Како што вели тој, дел од магацините се продадени, дел се под кирија. За спорниот магацински простор вели дека е издаден под кирија.

-Магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ, а останатите се продадени. Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ. Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината. Ние немаме право да контролираме што се случува во магацинските простории, вели за Утрински брифинг директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски за Утрински брифинг.

Тој воедно вели дека одговорно тврди дека не се краде струја. Инаку, пред неколку дена во подрумските простории имаше полициска акција, која засега од необјаснети причини заврши без разврска. Полицајците кои биле таму добиле јавување да заминат, без да влезат во просториите по пријавата дека таму има компјутерска опрема за копање на криптовалути со крадење на струја. Подоцна МВР излезе со соопштение дека нема крадење струја и не е пронајдена никаква опрема за копање криптовалути. Сепак, истата вечер неколку медуми успеаја да влезат во подрумските простории и да снимат голема количина на компјутерска опрема за копање на криптовалити. Таа била на Габриел Бајрам, односно нивните фирми, кој пак тврди дека не краделе струја и не копале криптовалути, туку сервисирале компјутерска опрема.