Вакцината „Спутник Ве“ обезбедува доволно антитела за борба против корона вирусот што се појави во Индија, изјави директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, „Гамалеја“, Александар Гинзбург.

Advertisements

– Вакцината, по правило, произведува 20, 30, дури 80 пати повеќе антитела отколку што се потребни за да се неутрализира најголемата концентрација на вирусот во заразениот организам. „Спутник Ве“ ќе биде ефикасна против индискиот вид – нагласи Гинзбург.

Индиското Министерство за здравство објави дека на крајот на март во земјата се појавил нов вид на коронавирус со мутации на површинскиот протеин.

Министерството изјави дека е особено загрижувачки што новиот вид има две мутации што претходно биле забележани во други варијанти на вирусот корона, потсетува ТАСС.

Исто така, беше објавено дека овие мутации се забележани во процент од 15 до 20 проценти од примероците и дека тие исто така постојат и во соеви што се појавиле во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.

Прикажи повеќе