Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова,  во емисијата „24 анализа“ откри детали за приемот на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше претепан пред ноќниот клуб „Привилиџ“.

Мојсова кажа дека пациентот бил примен без срцева реакција, притисок и без сатурација.

Докторите се обиделе да му го спасат животот и по 15 минути конечно добиле срцева реакција, по што е направена компјутерска томографија.