Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар.

Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка против началникот.

Градоначалникот, претходно, ја разреши Лозановска по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето. Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.

Текстот Директорката на Гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција е превземен од МАКФАКС.