Анета Петрушевска, поранешна директорка на градинката „Детска радост“ во Гази Баба е разрешена од Управниот одбор, кој се повикал на Законот за заштита на деца. Но, Петрушевска не се согласува со ова. Вели дека станува збор за политичка одлука, бидејќи, како што објаснува, барањето било доставено до градоначалникот на општината без да ја слушнат и нејзината страна и без да ѝ го испратат извештајот.
Како што додава, со оваа ревизија бил прекршен и кодексот, бидејќи, како при претставувањето на претходниот извештај не ѝ била дадена можност да се произнесе. Петрушевска објаснува дека била одржана и средба со претставници на министерството поради обвинувањата на нејзина адреса дека надминала сума од 120 илјади евра.
Петрушевска уверува дека и ревизијата била извршена без нејзино знаење.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека предлогот за разрешување на директорката е согласно одредбите од Законот за заштита на деца.
Повеќе на ТВ21.