Западот дава поддршка од страна, меѓутоа не би се вклучиле во никоја фаза од конфликтот директно во Украина, главно поради тој момент од употребата на нуклеарното оружје, бидејќи секое директно вмешување на Западот во Украина би можело да значи Трета светска војна, вели Илија Џугуманов од Евроатлантскиот совет на Македонија во неделното интервју на Радио Слобода Европа.
Како што вели тој од безбедносен аспект членството во НАТО значи премногу за земјава.
– Главно тука би алудирал на Членот 5 кој се однесуваа на колективната безбедност, односно нападот на една земја членка на НАТО, без разлика на големината или карактерот, значи напад врз целиот НАТО и оттука сметам дека сме во една алијанса која влева безбедност во последните 70 години, вели Џугуманов.
Целото интервју на Радио Слободна Европа.