Амбасадорката на Украина Лариса Дир преку објава на Х изрази искрена благодарност до нашата држава и до Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосевски и до Крум Ефремов за учеството на Северна Македонија на Третиот состанок во Малта кој се одржува во периодот 28-29 октомври.

Таа истакна дека реализацијата на Формулата за мир предложена од  претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе помогне да се запре руската агресија.