Воопшто немаше оставка…
Да беше оставка, ќе се поднесеше до органот кој го избрал, а тоа е Собрание на Република Македонија, пишува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ.
Според Димовски ова било само маркентинг и поигрување со незадоволството.
-Да беше оставка, за неа не одлучува никој, туку Собранието ја констатира на првата наредна седница… (читајте Устав)
Да беше по Устав и право, ама не е…
Да беше по морал и етика, ама не е…
Ако Зоран Заев ја прифати оставката ќе ја згази СДСМ…
Ако Зоран Заев не ја прифати оставката, ќе се згази себе., напиша Димовски.