Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски преку социјалната мрежа facebook го искоментира конфликтот меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство, Венко Филипче. Според Димовски и двајцата се одговорни.
„Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки! Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и обратно, е доказ дека и тие знаат дека има одговорност за здравствената криза“, пишува Димовски на Фејсбук.
Според него, ова е само игра кој како да се провлече од таа одговорност.
–Заедно прогласуваа вонредна состојба… Заедно прогласуваа кризна состојба… Заедно ни кажуваат дали треба или не треба мерки и какви… Заедно (пред неколку месеци) велеа дека донеле заклучоци за вклопување и на приватното здравство во борбата… Заедно одеа во кампањи и се фалеа меѓу себе дека се потенцијал и капацитет…, вели Димовски.
Според него, срамот не е на државата, ниту за граѓаните, туку за неспособната власт.