Поранешниот пратеник Илија Димовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека сето тоа што денес го говорат Стево Пендаровски, Бранко Црвенковски, Денко Малевски и други било кажано уште порано.
„И заради институционалното помнење, и заради историскиот контекст, дозволете дека луѓето во ВМРО-ДПМНЕ за степен повеќе ја разбираме бугарската позиција зошто е таква каква што е. И кога предупредуваме за Бугарија, сфатете го степен повеќе отколку што просечен левичар би можел да предупреди за Бугарија. Ако човек од ВМРО-ДПМНЕ ви вели со Бугарија ви е катастрофална ситуацијата, тогаш сфатете дека е катастрофална ситуацијата“, вели Димовски.