Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Утрински Брифинг изјави дека не може да има зближувања со Бугарија со сила и уцена. Додава дека статус квото е лошо и за македонската, но и за бугарската страна.

-Бидејќи навлегува во сверата на нашето определување, каков сигнал ние ќе пратиме ако сме во паника и сме во натпревар кој повеќе ќе понуди, вели Димитров кој додава дека желбата за што побрзо решение, парадоксално може да го одалечи решението.

-Статус квото е лошо за македонската, но и за бугарската страна. Што се создава по оваа блокада во македонската јавност, во однос на Софија. Се зодава отпор, ние сме во одбранбена позиција, ни ја затворија вратата. Ако ова на долг рок остане статус кво, ништо не правиме на тој важен историски процес што го почнавме, да се зближиме да ги надминеме разликите, да сме европски сојузници, да не личи како добро комшии што се вика, вели Димитров.