Никола Димитров, за чија интерпелација се расправа во законодавниот дом, а поднесена од опозицијата, изјави дека не е тој виновен што една држава не го почитува договореното. Ова тој го кажа бидејќи опозицијата поднесе интерпелација за него поради блокадата од Бугарија.

-Ако на првите две интерпелации им пристапив со должна сериозност, на оваа третава не можам, а да не ѝ пријдам со индигнација. Токму затоа и не одговорив написмено. За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по секоја цена? По цена на македонскиот јазик? Дали дами и господа можеби тоа го сакавте? За да можете да ја пласирате тезата за предавство на националните интереси? Оти вака таа теза не поминува. Тоа ако го барате од мене, тогаш веднаш да ви кажам – тоа никогаш нема да го испорачам, изјави вицепремиерот за европски прашања, од собраниската говорница каде се расправа за негова интерпелација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ