Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров смета дека бугарската блокада нема да и наштети само на Северна Македонија, туку последици ќе има и за иднината на ЕУ и на Западен Балкан.
Димитров смета дека немаме алтернативно решение освен да станеме функционална европска демократија проследена со економски просперитет.
„Ќе продолжиме со реформите бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните прегооври нашиот пат е јасен – ќе работиме кон градење на европска демократија”, рече Димитров.
Димитров предупреди дека проблемот не е само наш, туку е проблем за самата ЕУ.