Здравствената криза ги негира предвидувањата на владата дека оваа година би можела да биде година на економски раст, вели во своето вклучување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Како што вели тој, иако властите најавиле дека петтиот пакет економски мерки ќе биде последен, најверојатно ќе бидат потребни нови задолжувања.
„Никој не знае уште дали ќе има додатни затворања, полициски час и тн. Здравствената криза влијае и на економијата. На опстанокот на компаниите, на бројот на работни места и Владата сама ќе биде свесна дека ќе мора, ако треба и нови задолжувања за да се спаси она што може да се спаси“, вели Димитров.
– Advertisement –