Ракометарите на Металург во третиот натпревар во Лигата на Европа го освоија првиот бод, вечерва одиграа 33:33 против Фиверс.
Тренерот Оливер Димитриоски е задоволен од прикажана игра иако екипата долго време беше во карантин.
Бод е бод, можеше да се случи буквално се, ама мора да бидеме задоволни. Она што ме прави горд е што играчите го одржаа ветувањето, дадоа се од себе. По тој долг карантин и врзани натпревари, овој меч ни беше додатно оптеретување. Имавме осцилации од играта, успеавме да се вратиме од негатива и ако говорам реално задоволен сум од постигнатото – изјави Димитриоски по натпреварот.
И тренерот на австрискиот тим е задоволен од нерешниот резултат.
– Најпрво, би сакал да честитам, иако Металург не победи. Тимот имаше тешка недела и заврши доста работа. Ние го дадовме најдоброто, ама на крајот си заминуваме тука со поголемо искуство и мислам дека научивме многу од овој натпревар – рече Петер Екл.