Веќе виденото сценарио кое што и претходно во многу наврати беше применето кон мене и кон моите истомисленици, а во моменти на предизборни и изборни активности во кампања, вели Максим Димитриевски, како одговор на поднесеното обвинение против него од Обвинителствоот во Куманово, за злоупотреба на службената положба.
На прес конференцијата тој изјави:
Имено, во овој случај само се потврдува до сега многу пати повтореното тврдење дека власта преку своите сателити инсталирани во судско-обвинителската власт, креира неосновани случаи, го злоупотребува правниот систем, во случајот обвинителството, а во одредени моменти и дел од судиите на уставниот суд, за да креира неосновни кривични пријави за наводна злоупотреба на службената положба и овластување од мој страна како актуелен градоначалник на општина Куманово.
Не случајно, токму во овој момент, кога сум номиниран за кандидат за Претседател на Македонија од политичката партија Движње ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА, поддржан од над 10.000 потписи на граѓаните, се изнудува и креира неоснован обвинителски предлог од страна на ОЈО Куманово и обвинителот Иса Сулејмани, за кого претходно е побарано од мојот адвокатски тим изземање од постапката поради пристрасност и селективно постапување во предистражна постапка.
Ова е прв пат, кога обвинителствот го штити приватниот, а не јавниот интерес. За жал, оваа владејачка структура се повеќе потстетува на режомот на бегалецот Груевски, ги усовршува неговите методи, иако во одреден период заедно со нив се боревме против истиот тој режим.
Сакам да им порачам на сценаристите на овој монтиран случај дека не постои сила и цена која може да ме оттргне од мојот трасиран пат, да ги бранам државните, националните и интересите на сите граѓани на Македонија.
Напротив, за мене ова е дополнителен поттик и доказ дека чекорам по вистинскиот пат.























