Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција најави трајно решавање на проблемот со објект за учениците од гимназијата „Сами Фрашери“ кои следат настава во поранешната дирекција на „ЗИК Куманово“. Тој најави дека заедно со новото мнозинство во советот на општината ќе се однесе одлука и ќе се изработи проект за училишен центар во кој учениците ќе следат настава во соодветни услови.

– Секои избори, сведоци сме на вешто манипулирање со прашањето и проблемите на учениците во гимназијата „Сами Фрашери“ и паралелките на алабански наставен јазик од техничкото училиште од градот. Врвот на хипокризијата се постигна пред два дена кога на прес-конференција на мојот противкандидат со неговите коалициони партнери кои повеќе од 20 години се на власт во државата и во тој период активно раководат со Министерството за образование и наука, рече Димитриевски.

Тој приложи документи за кои кажа дека општина Куманово ги испраќала до ресорното министерство во кои барала капитални инвестиции за изградба на нов средношколски училиштен центар, со што трајно ќе се решат проблемите на учениците.

– Целиот овој период ресорното министерство раководено од претставници на ДУИ, остана немо кон нашите повици, сега излегува со лажни обвинувања кон мене како актуелен градоначалник, сакајќи да ги испере своите грешки, но јавноста треба да знае дека на последната седница кога се креираше буџетот за тековната 2021, светот на Куманово на мој предлог, донесе одлука да се финансира идеен и градежен проект за изградб на ново средно училиште „Сами Фрашери и за паралелите од техничкото училиште на алабански наставен јазик, рече Димитреисвки.

То кажа дека годинава, ЈП „Куманово План“ подготвило проект ди бил изработен детален урбанистички план за една од можните локации, во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Крапош“ која како локација е одредена од поранешното мнозинство во Советот.

– Сакам јавно пред вас да кажам дека по добивањето на изборите во недела заедно со новото мнозинство во Советот кое ќе го сочинуваат советничката група на „Наше Куманово“ и на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алетрнатива во соработка со претставници на родители и управните органи и ќе одлучиме каде ќе биде локацијата на училиштето, најави Димитриевски.

Додаде дека ќе се доработи и проектот во градежен проект, во буџетот за 2022/23 година ќе се предвидат почетни средства за инвестиција и со сопствени средства општината трајно да го реши проблемот.

-Доколку ресорното министерство продолжи да нѐ игнорира и да не дозволува да се дадат наменски средства во форма на капитални инвестици ние ќе побараме помош и од граѓаните и ако е потребно ова училиште ќе се гради и со месен самопридонес на граѓаните без разлика на нивната етничка заедница. Кумановци ќе работат сложно и единствено по концепт на наше Куманово, за да оствариме поубави услови за учениците во градот, следејќи го примерот на реконструкција на основните и средни училишта во градот- рече Димитриевски.

Тој ги повика политичките опоненти да не се служат со собирање ситни политички поени, да бидат искрени кон граѓаните и да ја кажат вистината, зошто училиштето не е изградено