Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово и актуелен градоначалник, Максим Димитриевски во Изборната дебата на ТВ21 најпрво се заблагодари на целата поддршка која ја добил, а потоа посочи дека се обидел да биде над партиски градоначалник.
„Се обидов да бидам, во еден дел како што на секој градоначалник му доликува, над партиски градоначалник и градоначалник за сите граѓани. Дојде до одредени недоразбирања бидејќи точно луѓето со кои се борев и го промовиравме концептот „едно општество за сите – деполитизација, департизација на системот“ поединци од нив, не самата партија, поединци „лидершип“ некои кои со години се на одредени високи функции, не го промовираа и не го практикуваа тој концепт во пракса“, посочи Димитриевски.
Тој вели дека со неговиот тим успеале една од најзадолжените општини во државата комплетно да ја деблокираат.
„Граѓаните денеска на општинска сметка, ако тоа во минатото беше табу тема да се каже колку пари поседува општината, имаат свои сопствени пари повеќе од 4 милиони евра кои што се подготвени да се реинвестираат во нови проекти“, порача Максим Димитриевски на ТВ21.