Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по повод 105
години од раѓањето на првиот претседател на државата Киро Глигоров
истакна дека сите генерации треба да учат, но и да продолжат по визијата
на Глигоров, која значи имплементација на политика на мир, рамноправност
и соживот.
„Киро Глигоров е првиот претседател на самостојна и независна Македонија
кој ја заслужува нашата најголема почит. Поради него, Македонија беше
единствената држава од сите поранешни републики на Југославија која без
испукан куршум прогласи независност. Неговите мудри политики и големото
искуство треба да ни бидат за пример како да ја чуваме и унапредуваме
Македонија. На 105 години од раѓањето на првиот претседател Глигоров ја
испраќаме пораката дека сите ние треба да продолжиме по неговата визија
– политиката на мир, рамноправност и соживот, да одиме по неговите
чекори за европска и просперитетна Македонија, со слободни и среќни
граѓани“, потенцира Димитриевски.