Првиот човек на Општина Куманово Максим Димитриевски најави изградба на споменик за бранителите од 2001 и Диво Насеље.
„Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните “ЗАПВАРС” од Куманово и синдикатот на полицијата од Македонија за изградба на спомен обележје на сите кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“, вели Димитриевски.