-Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на Тв Сител.