Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Куманово и поранешен член на СДСМ, кој беше исклучен откако се одлучи да се кандидира за нов мандат како независен кандидат, преку социјалните мрежи порача дека е изненаден од односот на партијата кон него. Како што вели, континуирано не го повикуваат на седниците на ЦО на СДСМ.
-Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ на кои особено вчера очекував да дискутираме за мојот статус во партијата и бараме решенија за најновите состојби во партијата.
Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства.
-Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега.