Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој порано беше во високите структури на СДСМ, а сега се разбира е и член на оваа партија, вели дека да беше тој министер за надворешни работи, уште утре би го свикал амбасадорот на Бугарија во Скопје и би му врачил протестна нота за изјавите на Каракачаов. Тој ја повика владата да го стори тоа, воедно и би го повикал премиерот на Бугарија Бојко Борисов да се огради од изјавите на Каракачанов.

-Ако го слушнете последниот став на г-дин Каракачанов, кој што крајно популистички излегува во јавноста и брка политички поени на бугарскиот политички простор, вие всушност ќе сфатите дека ова е една реинкарнација низ негова призма на фашизмот. И јас доколку бев министер за надворешни работи уште утре ќе го свикав амбасадорот на Бугарија и ќе му врачев протестна нота“, вели Димитриевски.