Претседателот Румен Радев го предложи досегашниот службен премиер на Димитар Главчев за кандидат за прв човек на новата службена влада на Бугарија, пренесува Трибуна.
Радев денеска во 12 часот во претседателската институција ќе го прими кандидатот за привремен премиер за да му наложи да предложи состав на нова преодна влада.
Радев вчера разговараше со лицата кои можат да ја заземат функцијата службен премиер.
До овој момент дојде откако пропадна предлог-кабинетот на Горица Грнчарова-Кожарева. Причината за тоа беше фактот што Радев одби да го потпише указот за именување на нова преодна влада поради името на Калин Стојанов, кој требаше повторно да ја преземе функцијата министер за внатрешни работи.