Преку јавна набавка, тешка 720 милиони денари ќе се набават терминали за отпечаток од прсти кој ќе се користи за локалните избори, соопшти денеска Државната изборна комисија.
На седницата едногласно беше усвоен ваквиот предлог за интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите.
„Ние почнуваме следниот ден откако ни се префрлени средствата, а тоа е денеска. Како што кажа потпретседателката дијалогот ќе се одвива една недела, согласно законот за јавни набавки. Ќе почне во вторник за да не биде во празнични денови, па до наредниот понеделник. И потоа ќе почне постапката за тендерска постапка, која ќе трае 30 дена, потоа има рок за жалба итн. А условот во техничкиот дијалог е, опремата да се испорача во рок од 30-60 дена, може и сукцесивно бидејќи имаме дел од опремата. Тоа би било крај на август, почеток на септември, во меѓувреме ќе треба да се изврши обука на тие што ќе управуваат со тие апарати и да се имплементира опремата, сметаме дека ќе има доволно време за се“, истакна Александар Даштевски.