Според прелиминарните резултати од Државната изборна комисија 34 општини добија градоначалници во првиот круг од локалните избори од кои 22 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а девет од коалицијата предводена од СДСМ и тројца градоначалници на општини се од ДУИ. Првиот круг ќе се повтори во Центар Жупа и во Маврово-ростуше поради неисполнување на цензусот за излезност, односно излегле помалку од една третина од запишаните избирачи на гласање.
Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите на Алијанса за Албанците/ Алтернатива и ДУИ ќе ја трчаат градоначалничката трка во вториот круг во седум општини, а во две општини во втор круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.
Во моментов тече рокот за поднесување приговори до ДИК.