Државната изборна комисија вечерва на јавна седница го заклучи избирачкиот список за локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.
Кампањата за изборите почнува во понделник и ќе трае до 15 октомври. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху соопшти дека во избирачкиот список има 1.824.864 гласачи.
На јавната седница беше утврден и изгледот на гласачкото ливче.