Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.
На денешните избори се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.