Државната изборна комисија ги потврди поднесените кандидатури и листи за советници за локалните избори. До четврток ќе заврши и жрепката по што ќе се знае редниот број кој треба да го заокружат граѓаните за да дадат поддршка на избраната опција. Вкупно 303 кандидати за градоначалници и 567 советнички листи во сите општини.
Одбиени се две кандидатури за градоначалник, за Охрид и Струга а од советничките листи се одбиени 6. Одбиени се листи за Општините Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.
Според ДИК се работи за помали партии а причините се ненавремено поднесување или формални недостатоци.