Државната изборна комисија сеуште не знае дали на следните локлани избори ќе се употребат терминали за идентификација со отпечатоци, како и опрема за проверка на документи за идентификација.

Постапката за купување на опремата преку јавен повик сè уште не е започната, токму поради нејаснотии на законот, кои допрва се очекува да се разгледат, разјаснат или укинат во целост.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, за Алсат изјавил дека по состанокот со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на ДИК ќе и биде појасно дали овие одредби кои што се во моментов и се однесуваат на овие уреди, се или не се применливи.

Се очекува да се дефинира и нивната количина и потребните финансиски средства. Шефот на ДИК, сепак, изјави дека има доволно време за набавка и пуштање во употреба на опремата, бидејќи до изборите остануваат уште осум месеци.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги покани институциите да ги исполнат своите обврски кон ДИК, за спроведување на Законот.

Ако е тоа закон, треба законот да се почитува. Ги повикувам надлежните институции да му излезат во пресрет на ДИК. Законското решение за што гласале сите парламентарни политички партии да биде операционализирано“, повика Мицковски.