Државната изборна комисија на прес конференција посочи дека излезеноста до 13 часот е 24,87 отсто, односно 269.674 гласачи.

Највисока излезност има повторно во Вевчани каде своето право на глас го искористиле 52,46 отсто од гласачите.

Потоа следуваат Ранковце со 47,76, Демир Капија 44,41.