Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на продолжението од 150. седница, ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини. Претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, информира дека во 33 општини изборот е завршен во првиот круг, додека во уште 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември во втор круг.
Во однос на изборот за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за советници, бидејќи Управниот суд поништи резултати од три избирачки места. ДИК утврди дека поништениот број на гласачи може теоретски да влијае врз распределбата на мандатите, па гласањето во овие три места ќе се повтори на 2 ноември.
Со ова, ДИК ги заокружува резултатите од првиот изборен круг во сите општини каде што немало тужби и приговори.























