Од диетата наменета за борба и превенција од вирусни инфекции имаме многу придобивки, освен заштита од вируси таа е антиоксиданс и помага во борбата против слободните радикали. Но, исто така се бори против клеточното и кардиоваскуларното стареење. Помага да ги загубиме непосакуваните вишок килограми, а ги намалува заболувањата како што се гастритис и колитис.

Следејќи ја програмата на оваа диета, составена од ореви, зеленчук, омега масни киселини и многу други здрави намирници, го зајакнуваме имунитетот, но и ни овозможува да се бориме против болката и непријатноста поврзана со воспалението. Во комбинација со умерено вежбање, ова е револуционерна исхрана против вирусни заболувања!

Која е најдобрата храна за заштита од вируси?

Синергијата на намирниците претставени подолу во текстот, вклучени во правилна исхрана, ќе ја зголемат имунолошката одбрана на нашето тело:

1.Овошјето и зеленчукот, кои се богати со природни антиоксиданти, и се способни да се борат против слободните радикали, се основна храна на оваа диета. Тие го штитат нашето тело од воспалителни процеси и од оксидативен стрес.

Со голема антиоксидантна моќ се следниве намирници: брокула, спанаќ, авокадо, моркови, но и црвените плодови, како и кивито и калинката. Не заборавајте на сувото овошје!

2. Зрнеста храна како јачмен, кафеав ориз и пченица.

3. Храна богата со Омега 3, исклучително корисни во оваа диета се масните киселини кои се наоѓаат во некои видови храна како што е свежата риба.

4. Мешунки

5. Ленено семе

6. Зачини, особено куркума и ѓумбир

7. Црвено вино

8. Екстра девствено маслиново масло

За да се осигураме дека оваа храна ги одржува своите својства максимално, потребно е да се претпочита оригинален вид готвење, на пример, варење, печење, готвење на пареа или на скара.

За да се балансира диетата, треба да конзумирате секојдневно 4 мали порции со овошје и зеленчук и максимум 1 или 2 чаши црвено вино.

Дозваолено е да се пие кафе, чај или други топли пијалоци, како и свеж сок од портокал, морков и лимон.

Која храна треба сосема да ја елиминирате?

Во диетата против вирусни инфекции предвидува храна што треба да се избегнува, односно храна што придонесува за зголемување или одржување на воспалителна состојба и придонесува за нарушување на здравјето на нашето тело. Еве што да избегнете:

1.Заситени и хидрогенизирани масти
2.Рафинирано брашно
3. Црвено месо
4. Млечни производи
5. Вишок на јаглехидрати
6. Колбаси
7. Шеќери
8. Избегнувајте пржење и пиење засладени или газирани пијалоци кои имаат тенденција да го зголемат производството на воспалителни токсини, но исто така и да ја променат цревната флора. На кратко, ако сакаме да останеме во добро здравје, мора да се жртвуваме малку за да имаме полза од тоа подоцна!