Вториот „мандат“ на Диего Коста во Атлетико Мадрид завршува на неславен начин. Искусниот напаѓач падна во втор план кај тренерот Диего Симеоне, а денешните информации велат дека тој побарал раскин на договорот.
Атлетико Мадрид одлучи да му угоди на 32-годишниот шпански фудбалер, но под одредени услови.
Коста не смее да потпиште за Реал Мадрид, Барселона и Севиља, во спротивно ќе мора да плати казна од 25 милиони евра.
Доколку потпише за клуб кој игра во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, ќе мора да плати пет милиони евра.
Доколку играчот ги исполни овие услови, тогаш „јорганџиите“ ќе му исплатат 3,2 милиони евра за преостанатите шест месеци од договорот.