Кристијано Роналдо најверојатно ќе ги напушти редовите на Јувентус. Барем така известуваат денес италијанските медиуми.
Во последно време се шпекулираше многу за фудбалската судбина на Роналдо и се чини дека неговото заминување од Јувентус станува се поизвесно.
Иако има уште едногодишен договор со Старата дама, Роналдо најверојатно ќе ја смени средината, но сè уште е непознато каде ќе ја продолжи кариерата бидејќи има малку клубови во светот кои можат да ги исполнат финансиските услови на еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Јувентус, според италијанските медиуми, е во средина на обнова на тимот и е во потрага по sвезда која ќе биде во центарот на новиот проект.
Тоа не е Роналдо, односно меѓу двете опции што моментално им се на располагање, челниците на „Старата дама“ одлучија Дибала да биде играчот околу кого ќе се формира нов тим.
Одличниот Аргентинец не се истакна во минатата сезона. Тој пропушти голем број на игри поради повреда, и одигра 20 натпревари во Серија А. Постигна четири гола на кои додаде три асистенции, но и покрај сите проблеми што ги имаше, очигледно е дека му веруваат во Јувентус.
Да потсетиме, Дибала се приклучи на редовите на старата дама во 2015 година од Палермо, кој пак пристигна во 2012 година.
За Јувентус, Дибала одигра вкупно 254 натпревари и постигна 100 погодоци, на кои додаде 41 асистенција.