Една фотографија на Инстаграм не мора да значи апсолутно ништо, но ги израдува навивачите на Јувентус.
Навивачите на торинскиот клуб се надеваат на враќање на Пол Погба, па по објавата на Пол Дибала, почнаа поинтензивно да размислуваат за тоа.
Аргентинецот објави заедничка фотографија со играчот за врска на Манчестер Јунајтед, кој веднаш по елиминацијата на Франција од еврото замина на Флорида, во Мајами, на одмор.
Погба и Дибала се многу добри пријатели со години и сега се сретнаа во Мајами каде и двајцата ги полнат батериите за новата сезона. Погба е малку позаморен, тој одигра пет натпревари за Франција на Европското првенство, додека Дибала е поодморен затоа што не е дел од аргентинската репрезентација, која се бори за трофејот во Копа Америка во САД.
„Еве сме повторно“, напиша поранешната sвезда на Палермо и напаѓач на Јувентус на Инстаграм заедно со фотографијата со Погба, кој сè уште е играч на Манчестер Јунајтед, но долго време споменуваше негово враќање во Торино.
Договорот на Погба со Јунајтед истекува летото 2022 година, исто како и Дибала со Јувентус и тешко е да се предвиди каде ќе играат и двајцата во блиска иднина.
Враќањето на Погба во Јувентус во моментов е нереално. Новиот директор на Старата дама Федерико Черубини веќе изјави дека Јувентус во моментов е комплетен и дека не се очекуваат нови и звучни засилувања, освен можеби Мануел Локатели од Сасуоло, кој треба да пристигне за околу 40 милиони евра откако се истакна на Европското првенство.